Чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез одолговлекува со потпишување на нов договор со англискиот премиерлигаш Арсенал, а тоа најверојатно е најава дека ќе го напушти „Емирати“ на крајот од сезоната. Тој има договор до 2018 година, што автоматски значи дека Арсенал ќе мора да се согласи на негова продажба во летниот преоден рок, доколку во меѓувреме не биде пронајден начин за продолжување на соработката.
Но, Арсен Венгер веќе размислува за нови опции и во неговиот нотес е потцртано името на Иван Перишиќ. Хрватскиот интернационалец игра одлична сезона во Интер, па можно е да дојде и во евентуална размена што би ја понудиле „топчиите“. Санчез да се врати во Италија и да го облече дресот на „нероаѕурите“, а Перишиќ да биде нова ударна игла во навалната линија на Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА