Денешното 20. коло во Првата македонска фудбалска лига го одбележаа два прекрасни погодоци во Тетово и во Скопје.
Покрај оној еврогол од слободен удар на Хуан Фелипе за Вардар на дуелот против Шкендија, дуелот во Тетово меѓу Ренова и Македонија ЃП го одбележа засилувањето на „гипсарите“ од зимскиот преоден рок, Стојанче Велинов.
Велинов постигна два гола за Ренова во ремито (2-2), од кои оној првиот е вистинска мајсторија со волеј удар…
Покрај погодокот на Велинов, секако потсетување и на ремек-делото на Хуан Фелипе за запечатување на победата на Вардар од 3-1…
Кој е голот на колото!? Одлучете сами…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА