Данил Шишкарев постигна шест гола и беше еден од носителите на играта на Вардар во триумфот против Целје. Добрата игра во одбраната посебно во првиот дел, Шишкарев ја истакна како клуч за новата победа на „црвено-црните“ вкупно четврта сезонава во дуелите со Целје.
„Влеговме многу сериозно во натпреварот. Игравме добро во одбраната во првиот дел, направивме 4-5 гола разлика и ги искористивме грешките на противникот. Во второто полувреме ни беше малку полесно, ја одржувавме предноста. Им честитам на моите соиграчи за играта и за победата, одигравме добар натпревар“, рече Данил Шишкарев по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА