Повеќе од возбудливо стартуваше 20. коло во Првата македонска фудбалска лига преку натпреварот меѓу Пелистер и Брегалница во Охрид со можеби најбрзиот црвен картон во историјата на македонскиот фудбал и погодок од слободен удар на Баже Илијоски за водство од 1-0 на битолчани.
По само 90 секунди игра поради игра со рака надвор од својот шеснаесетник директен црвен картон од главниот судија Димитар Мечкаровски, а по интервенција на својот помошник, заработи поранешниот вардаров голман а сега чувар на мрежата на Брегалница, Матија Кобетиќ.
По исклучувањето на Кобетиќ, во игра влезе младиот голман Дејан Апостоловски, на местото на Стефан Коцев, и уште не ја ни почувствува топката, мораше да ја вади од мрежата по шутот на Баже Илијоски во 6. минута од слободен удар од 16 метри…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА