По убедливиот триумф над Македонија ЃП во првото пролетно коло, тимот на Работнички го очекува уште едно гостување в недела, против Шкупи на Чаир.
Избраниците на Виктор Треневски оптимистички гледаат и на ова гостување, а Горан Силјановски смета дека со идентичен пристап како и на дуелот во Ѓорче Петров, екипата може да се надева на нов позитивен резултат.
„Одлично го отворивме пролетниот дел од првенството, земавме залет и сега размислуваме позитивно и за гостувањето на Чаир. Ќе биде тежок и неизвесен меч, Шкупи игра квалитетно на домашен терен, но сме победувале и во минатото на ова гостување, па ќе се дадеме се од себе за да успееме да освоиме нови три бода“ – вели Горан Силјановски за официјалната интернет страница на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА