Фудбалерот на Порто, Хектор Херера доби тешка повреда на стапалото во дуелот со одбранбениот играч на Јувентус, Стефан Лихтштајнер во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. И покрај болките, Херера го изигра натпреварот до крај и со „здробено“ стапало на кое по мечот доби 17 конци.
Мексиканскиот фудбалер настрада во дуелот со Лихтштајнер што се случи во 50.минута од натпреварот. Фудбалерот на Јувентус во обид да го сопре продорот на 26-годишниот Херега, го нагази на ногата, а нагазувањето било толку силно што заврши со две отвопрени рани на стапалото. Мексиканецот и со повредена нога, го одигра натпреварот до крај, но не успеа да го спречи поразот на Порто со 2-0.
[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/49a21645001fa3f73af6407a09e140f8.mp4″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА