Порто вечерва го пречекува Јувентус во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, а меѓу диреците така познати лица. Легендарните голмани, Икер Касилјас и Џанлуиџи Буфон, со нова европска пресметка. Тие се голмани што траат вечно!
„Се радувам на новиот дуел со Икер Касилјас. Го сметам за пријател и имам неверојатен распект за него. Но, ова нема да виде дуел меѓу нас двајца како голмани, туку дуел на фудбалските тимови на Порто и на Јувентус. И јас и тој ќе дадеме максимум на теренот, како и секогаш, за да слави нашиот тим“, изјави Џанлуиџи Буфон на прес – конференцијата во пресрет на мечот со Порто.
Касилјас вечерва ќе го одигра 174.натпревар во натпреварите под закрила на УЕФА и ќе го достигне рекордот на Паоло Малдини, легендарниот дефанзивец на Милан. Тој има три шампионски титули во ЛШ со Реал Мадрид и вкупно 162 настапи во елитното европско клупско натпреварување. Икер има најмногу натпревари во ЛШ без примен гол, вкупно 57.
„Џиџи е пример за секој голман, ми беше и мене, иако кариерите ни течеа паралелно. Но, ние сме само мал дел од нашите тимови. Посакувам Порто да биде тимот што ќе се пласира во следната рунда, но против себе го имаме големиот Јувентус“, изјави Икер Касилјас.
Респектот е преголем, а тие се најголемите во светот. Легендарни голмани што траат вечно!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА