Засилувањето за тетовци од зимскиот преоден рок, Дино Меџедовиќ на стартот од пролетната сезона го постигна и својот деби гол за Шкендија во победата од 2-0 против Силекс во Тетово.
Меџедовиќ не крие дека е задоволен од постигнатиот гол, но потенцира дека е посреќен за победата на тимот и враќањето на навивачите на Градскиот стадион во Тетово.
„Секако сум задоволен што постигнав гол, но за мене е најважна победата и тоа што оставивме добар впечаток пред нашите навивачи на почетокот од пролетната сезона. Верувам дека и гледачите се среќни по првата победа оваа година.Изненаден сум навистина од амбиентот во Тетово. Навивачите беа феноменални со максимална поддршка во текот на целиот натпревар, потврдувајќи дека се 12-от играч на Шкендија“ – вели Меџедовиќ, дополнувајќи дека одлично е прифатен од ‘староседелците’ во тимот.
„Навистина ние новите играчи во Шкендија одлично сме прифатени во тимот. Воопшто не ни беше тешко да се вклопиме и брзо адаптираме“ – вели Меџедовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА