Спортскиот директор на Интер, Пиеро Аусилио, изјави дека клубот ни наредното лето нема намера да го продаде Иван Перишиќ, иако за Хрватот владее голем интерес од три моќни англиски клубови – Челси, Манчестер јунајтед и Ливерпул.
„Перишиќ е дел од големиот проект, не сакаме да ги продаваме нашите најдобри играчи. Не може ни да го замислиме Интер без него, а мислам дека и Перишиќ не планира да замине“ – рече Аусилио.
Перишиќ во Интер дојде во летото 2015 од германскиот Волфсбург за 16 милиони евра. Оваа сезона постигна седум гола и запиша шест асистенции во сите натпреварувања. Со миланскиот клуб има догововор до 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА