Полската фудбалска федерација преку онлајн платформа ги пушти во продажба билетите за Европското првенство до 21 година на кое ќе учествува и Македонија. Цените се супер популарни, изнесуваат 3 и 5 евра, а сите заинтересирани можат да купат билети на следниот линк…
Македонија првиот натпревар го игра во Гдиња против Шпанија на 17. јуни. Потоа следи натпреварот против Србија на 20. јуни во Бидгошч. а последниот натпревар во групата нашата репрезентација ќе го одигра против Португалија, повторно во Гдиња на 23. јуни.
Цените на билетите за полуфиналните натпревари во Тиши и во Краков за 27. јуни изнесуваат 5 и 7 евра, додека финалето во Краков на 30. јуни ќе може да се проследи по цени од 7 и 9 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА