Тренерот на Рома, Лучијано Спалети, ќе го напушти „Олимпико“ на крајот од оваа сезона, а негов наследник треба да биде Маурицио Сари, сегашниот стратег на Наполи, информира „Раи спорт“. Тој наводно не е во најдобри односи со претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис, па се очекува по завршувањето на сезоната, и тој да ја промени средината и да замине од Наполи. Рома би била перфектен нов предизвик за Сари.
Рома во изминатите неколку години е главен ривал на Јувентус во борбата за титулата, а американските сопственици конечно сакаат да направат значаен исчекор за да стигнат до „скудетото“.
„Волчицата“ моментно е второпласирана во Серија А со 65 освоени бода, два повеќе од Наполи, а седум помалку од лидерот Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА