Лауда и Волф остануваат верни на Мерцедес

Директорот на Ф1 тимот на Мерцедес, Тото Волф, и челникот на екипата, Ники Лауда, ги продолжија договорите со Мерцедес до крајот на 2020 година.

Нивните договори се поклопуваат со актуелниот обврзувачки договор на Мерцедес со Формула 1.

Волф дојде во Мерцедес од тимот на Вилијамс во февруари 2013 година и поседува 30 проценти од акциите на тимот. Лауда е сопственик на 10 проценти, а во германскиот тим е од 2012 година.

За разлика од раководството, Мерцедес во новата сезона ќе стартува со делумно променет состав на возачи. Покрај Луис Хамилтон, во Мерцедес како наследник на актуелниот шампион, Нико Розберг, дојде Валтериј Ботас од Вилијамс.

Во меѓувреме тимот го напушти и извршниот директор Педи Лов, кого ќе го замени поранешниот директор на Ферари, Џејмс Алисон.

За неколку денови почнуваат новите тестирања пред стартот на новата Ф1 сезона која ќе ја одбележат новите правила и новите болиди со пошироки пневматици. Мерцедес својот нов болид ќе го претстави во четврток, пред стартот на тестовите на патеката Каталуња.

Новата сезона во ф1 почнува на крајот на март со тргата за ГН на Австралија.

Се вчитува...