Францускиот интернационалец Франк Рибери ја надмина повредата на бутниот мускул и се врати во тренажен процес. Тој денеска одработи индивидуален тренинг, а од утре и ќе им се приклучи на соиграчите во работата во пресрет на саботниот натпревар од Бундес-лигата против Хамбургер на „Алијанц арена“.
Баерн Минхен во моментов има пет бода предност на врвот на табелата во германскиот шампионат во однос на второпласираниот тим на Лајпциг. Составот на Карло Анчелоти обезбеди убедлива предност (5-1) против Арсенал во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА