Француската репрезентативка Александра Лакрабер ја продолжува соработката со Вардар и во наредната сезона, потврдено е на официјалниот клупски сајт.
Лакрабер дојде во Вардар на почетокот на сезонава и е дел од тимот кој бележи клупски рекорд со осум победи по ред во Лигата на шампионите. Позитивното искуство на двете страни од досгешната соработка резултираше со потпишување на нов едногодишен договор со француската репрезентативка на десен бек.
„Тимот што и досега ни носеше радост ќе остане во Скопје и убедени сме дека ќе покаже уште повеќе од она што како клуб и играчи го постигнаа досега. Имаме заедничка цел која е блиску до оставрување и веруваме во квалитетот на сите оние што се дел од нашето семејство. Среќни сме што и тие го препознаваат Вардар како свој дом и место во кое можат да бидат високо на европскиот врв. Овој спортски колектив е меѓу најдобрите во Европа и сакаме да го задржиме континуитетот во добрите резултати и да одиме чекор понапред“, вели извршниот директор на Вардар, Давор Стојановски.
Лакрабер е шеста ракометарка од сегашниот состав со која Вардар ја продолжува соработката откако претходно во Скопје решија да останат и Андреа Лекиќ, Андреа Пенезиќ, Андреа Кликовац, Барбара Лазовиќ и Татјана Хмирова. Како ново има во Вардар од следната сезона доаѓа пикерот на Будуќност, Драгана Цвијиќ.
Вардар викендов го продолжува настапот во Лигата на шампионите, в недела во Скопје гостува Будуќност. „Црвено-црните“ се на првото место на табелата и веќе имаат обезбеден пласман во четвртфиналето од ЛШ, но целта е да се задржи победничкиот ритам и лидерската позиција во групата
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА