Ракометарите на Пелистер и во вториот меч од осминафиналето во Челинџ купот, загубија од Спортинг со 35-26 и со два порази го завршија настапот во ова натпреварување. По вчерашниот убедлив пораз со 14 гола разлика (18-32), денешниот реванш беше само формалност.
Пелистер и двата двата натпревари ги играше на теренот на противникот во Лисабон. Спортинг ја искористи предноста на домашниот терен и ја потврди улогата на фаворит во овој дуел и очекувано, обезбеди пласман меќу осумте најдобри екипи во Челинџ купот.
За разлика од вчерашниот прв меч во кој комплетно беа прегазени од противникот, пелистерци денеска одиграа многу поефикасно. Свесни дека 14 гола разлика се недостижни и за многу посилни екипи, одиграа без дополнителен притисок и во првиот дел дури и имаа водство со 10-11, а на полувретео заминаа со минимална негатива од 15-14. Но, тоа беше и максималниот дострел на Пелистер во овој дуел. Во втроото полувреме, Спортиг уште во првите минути се одлепи и во продолжението постојано ја зголемуваше предноста што на крај резултираше со уште една убедлива победа и крај за Пелистер во Челинџ купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА