’Големите’ почнаа силно: Вардар убедлив со Шкупи, Шкендија го реши Силекс

Вардар и Шкендија успешно ја стартуваа пролетната полусезона. Пелагониското дерби меѓу Пелистер и Победа заврши со поделба на планот, а гостински триумфи остварија Работнички и Ренова.

vardar - skupi novo 2

Вардарци конечно го најдоа лекот за Шкупи и го совладаа со 3-0. Иако без поддршка од публиката поради суспензијата од ФФМ, избраниците на Гоце Седлоски брзо дојдоа во водство. Погоди Кривањева во сопствената мрежа уште во втората минута, по ударот на Блажевски.

vardar - skupi novo 4

Во 15.минута, Хуан Фелипе со мајсторија од 25 метри зголеми на 2-0, а во 82.минута Дејан Блажевски го постигна третиот гол за Вардар на овој дуел.

Томас Брдариќ и Шкендија исто така стартуваа со триумф. Силекс одолеваше во Тетово се до пред крајот на првиот дел, кога капитенот Ферхан Хасани ја затресе мрежата на кратовскиот прволигаш.

skendija so sileks 99

Во вториот дел, Дино Меѓедовиќ, во 78.минута го постигна вториот погодок за Шкендија.

Интересно беше во Струмица, каде се сретнаа пелагониските ривали Победа и Пелистер. Одиграа 2-2.

pobeda - pelister strumica 5

Бојовиќ во десеттата минута го отвори резулттот во корист на „зелените“, но Гешоски од пенал израмни во 22.минута. Во второто полувреме, Баже Илијоски погоди од пенал во 73.минута, а израмни Крстески.

Работнички славеше со 0-3 на гости против Македонија ЃП. Суад Сахити со лоб удар во десеттата минута донесе водство за „романтичарите“, а во второто полувреме двапати од пенал стрелаше Филип Ивановски. Првиот пат во 58.минута, а потоа и дваесет минути подоцна.

Ренова освои значајни три бода на гостински терен во Штип. Мухамед Усеини во десеттата минута беше стрелец на победничкиот гол за „гипсарите“.

ПРВА ЛИГА, РЕЗУЛТАТИ (19.КОЛО)

ВАРДАР – ШКУПИ 3-0

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 2-0

ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР 2-2

БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА 0-1

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 0-3

Табела: Вардар 44, Шкендија 40, Работнилки 31, Пелистер 30, Ренова 26, Силекс 24, Шкупи 16, Победа 15, Македонија ЃП 15, Брегалница 11.

Се вчитува...