Ракометарите на Пари сен Жермен останаа во игра за првото место во групата А откако вечерва во суперинтересен натпревар славеа на гостувањето против Фленсбург со минимални 33-34. Иако на шест минути до крајот губеа со 32-29, „светците“ собраа сили за камбек, за потоа во самиот финиш со голем стил да стигнат до победата – со цепелинот што Ремили го претвори во триумфален погодок.
Ремили со шест гола беше втор стрелец на ПСЖ, зад Нилсен со седум, додека најдобар стрелец кај Фленсбург беше Шмит со пет гола.
ПСЖ на три кола до крајот на групната фаза има 18 бода и ќе биде најмалку второпласиран, заостанувајќи два бода зад водечката Барселона.
[youtube id=”XN_VlJSpqQY” width=”640″ height=”380″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА