Арпад Штербик го предводеше Вардар во победата на гостувањето проив Пик Сегед со 21-23 во 11 натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите. Со овој драгоцен триумф, вардарци остануваат на лидерската позција во групата Б со реални шанси да останат на врвот и да обезбедат директен пласман во четвртфиналето од ЛШ. Вардарци имаа контрола во поголемиот дел од натпреварот и што е најважно беа подобри во решавачките минути во финишот што на крај им ја донесе осмата победа во ЛШ.
Вардарци стартуваа сигурно во натпреварот и иако не успеаја да направат повеќе од три гола предност, сепак, тие го диктираа тремпото и имаа контрола на играта и на резултатот во првиот дел. Во 7.минута кога Вардар беше си играч помалку на терен, Алекс Душебаев биеше прецизно за водство на Вардар со два гола разлика (4-2). Стаж Скубе намали на 3-4, домаќините ја искористија грешката во напад на „црвено-црните“ и изедначија на 4-4. Вардарци се обидоа да го сопрат налетот на Пик Сегед со одбрана 5-1, но Унгарците успеваа да најдат решение дури и во моментите кога беа со играч помалку на терен. Во 13 минута домаќините имаа седмерец за прво водство, но Арпад Штербик беше сигурен на голот на Вардар и го одбрани ударот на Золт Балок. Само две минути потоа, ни Шоштариќ не успеа да го совлада Штербик, а тоа донесе дополнителна самодоверба кај „црвено-црните“ и водство од 6-9.
Но, Пик Сегед уште еднаш успеа да се врати во игра. Домаќините направија серија од 3-0 и десет минути пред крај на првиот дел резултатот одново беше нерешен (9-9). Штербик го држеше Вардар во игра, но, на спротивната страна успешно му парираше Марин Шего и ги остави „црвено-црните“ во неколку напади без погодок.
Вардарци сепак, брзо успеаја да го надминат малиот пад во играта и одново се вратија на три гола позитива (12-9). „Црвено-црните“ имаа и напад за +4, но наместо да ја зголемат предност во завршнцата на првиот дел набрзина примија два гола и на одмор отидоа со само гол преднсот (11-12).
Цепелинот на Пик Сегед и погодокот на поранешниот вардарец, Сергеј Горбок донесе ново изнедачување на стартот од вториот дел и најави изеначена игра и резултатска неизвесност и во продолжението на натпреварот. И повторно Вардар поведуваше со 2-3 гола разлика, а Пик Сегед успеваше да стигне и да ја анулира предноста на противникот. Штербик беше извонреден на голот и го држеше Вардар во игреа и во моментите кога нападот на „црвено-црните“ тешко се спревуваше со одбраната на домаќинот и со Хозе Мануел Сиера кој во вториот дел го замени Шего на голот на Пик Сегед. Серијата грешки во нападот на Вардар и десет минути без гол, домаќинот ја казни со пресврт и прво водство во 39.минута кога Балок погоди за 15-14, а веќе во следниот напад Скубе зголеми на 16-14. Тоа го принуди Раул Гонзалес да реагира со тајм-аут и да се обиде да ги врати „црвено-црните“ повторно во ритам менувајќи ја и комплетната бековска линија во нападот со Душебаев, Циндриќ и Борозан.
Конечно лошата серија на вардарци ја прекина Игор Карачиќ со погодокот од седмерец за 16-15 во 43.минута од натпреварот. Но, во вториот дел се сменија улогите, Пик Сегеде ја презеде контролата и одржуваше предноста од 1-2 гола разлика, а Вардар бркаше резултат.
До ново изнедначување вардарци стигнаа во 22.минута кога Македа од за него невообичаена крилна позиција, погоди за 19-19, а веднаш потоа Тимур Дибиров го пресече нападопт на Пик Сегед, реализира контра и му донесе ново водство на Вардар од 19-20. На пет минути пред крај резултатот одново беше во егал (21-21), а исходот крајно неизвесен. Во драматичниот финиш, Игор Карачиќ на две минути пред крај не успеа да реализира семдрец за водство на Вардар, но затоа грешката ја исправи Дибиров, им ја „украде“ топката на домаќините и погоди за 21-22 на минута пред крај. Пик Сегед не го искористи последниот напад за изнедначуивање, а Алекс Душебаев стави точка на натпреварот и ја потврди победата на Варадр со конечните 21-23.
Најефикасен кај Вардар беше Тимур Дибиров со пет гола, Алекс Душебаев постугна четири, а по три запишаа Карачиќ и Чупиќ. Извонредна партија на голот на Вардар имаше Арпад Штербик со 13 одбрани од кои три од седмерец. Кај Пик Сегед, Сташ Скубе постигна шест гола, а по четири имаа Горбок и Балок.
Во вториот натпревар од Групата Б, Мешков Брест и ППД Загреб одиграа нерешено 21-21, а утре се дуелите Кристијанштад – Рајн Некар Левен и Целје Кјелце.
Табела: Вардар 16 бода, Кјелце 14 (-1), Пик Сегед 13, Рајн Некар Левен 13 (-1), Мешков Брест 12, Кристијанштад 6 (-1), ППД Загреб 5, Целје 5 (-1).
Во следниот натпревар во ЛШ, Вардар на 25 февруари во Скопје го пречекува Целје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА