Со тајно гласање избран новиот УО: Арџент Беќири во новата „влада“ на ФФМ

Собранието на ФФМ го избра и новиот Управен одбор со мандат од четири години до 2021 година. Во голема мера тоа се истите имиња кои и досега беа дел од УО на ФФМ, а ново име е Арџент Беќири.

Од 92 делегати, правото на глас го искористија 91 делегат, при што од вкупно 24 предложени имиња со тајно гласање избрани се 14 членови на УО на ФФМ, и тоа Златко Талевски, Лазар Ракиџиев, Арџент Беќири, Светозар Станковски, Борче Лазаревски, Добре Иванов, Мухамед Сејдини, Тони Ивановски, Горан Гаврилов, Салим Абдили, Марјанчо Стојковски, Џевад Дибрани, Дејан Димовски и Димитар Џонов.

Собранието на ФФМ го избра и новиот состав на Надзорниот одбор на Фудбалската федерација. Дисциплински инспектор во ФФМ е избран Цветан Трифуновски.

  

Се вчитува...