Македонските ракометни фанови од денеска ќе можат да го имаат тоа што одамна го посакуваа. Да добијат оригинален репрезентативен дрес од своите ракометни идоли, Кирил Лазаров, Дејан Манасков, Стојанче Стоилов… Тоа досега беше привилегија на многу мал број луѓе, кои имаат лични познанства со ракометарите, но од денеска ќе можат да си купат дрес во аутлетот на Јужната трибина на „Телеком Арена“ во Скопје, каде е отворен штанд за продажба на оригинални „Хјумел“ производи од ракометната репрезентација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА