Наполи загуби со 3-1 од европскиот првак Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, па иако се уште има шанси за пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, тимот со својот настап го разочара претседателот Аурелио Де Лаурентис. Тој вели фудбалерите ја немале во себе наполитанската крв на дуелот со „кралскиот клуб“.
„Целиот тим, освен Инсиње, ја немаше наполитанската крв во себе во Мадрид. Можеби затоа што Инсиње и навистина е „наполитанец“. Останатите не покажаа дека се подготвени да ’изгинат’ за клубот. Како да не постоеја. Нема да ги казнам, но знам дека не ги воодушевија навивачите со својата игра. Не е важно дали ќе загубиш, туку начинот на кој ќе одиграш. Мислам дека со Милик во тимот ќе имавме многу повеќе шанси и кон голот на Реал Мадрид. Но, има и реванш во Неапол, не се предаваме“, изјави контроверзниот претседател на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, по дуелот на „Сантијаго Бернабеу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА