Ласана Дијара го напушти Олимпик Марсеј

Поранешниот француски репрезентативец Ласана Дијара го напушти Олимпик Марсеј и стана слободен агент откако спогодбено го раскина договорот со овој француски прволигаш. Тој во изминатите 18 месеци го носеше дресот на тимот од „Велодром“, но изрази желба да си замине.

Дијара оваа сезона беше стартер за Олимпик Марсеј на осум натпревари во францускиот шампионат. Последниот настап го имаше против Генгамп на домашен терен во триумфот од 2-0.

Француските медиуми најавуваат дека следна дестинација на ветеранот од средниот ред ќе биде Кина, а неколку клубови се заинтересирани за неговите услуги.

Се вчитува...