Меѓународната тениска федерација (ИТФ) го објави списокот на допинг тестови спроведени во 2016 година кој покажува дека на контрола најчесто биле најдобрите тенисери во светот. Листата ја предводат Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.
Најмногу се контролирани играчите кои стигнувале до завршницата на турнирите. Српскиот и британскиот тенисер се на врвот на листата со повеќе од седум допинг-тестови, на турнирите и надвор од нив.
Во истиот ранг се Милош Раониќ, Стан Вавринка Марин Чилиќ и уште неколку познати имиња.
Меѓу водечките тенисери, Роџер Федерер и Рафаел Надал имаат помалку тестови од другите. На турнирите Федерер давал примерок од урината за тестирање четири до шест пати, а надвор од нив седум пати бил подложен на допинг тест.
Надал надвор од турнирите имал ист број тестови како и другите водечки тенисери, но на натпреварувањата Шпанецот е во категоријата тенисери на кои им се направени еден до три тестови.
Тенисерките во просек се помалку тестирани во однос на машките колеги, па така Серена Вилијамс и Анжелик Кербер имаат четири до шест тестови на турнирите и седум и повеќе допинг тестови надвор од нив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА