Тренерот на Пари сен Жермен, Унаи Емери, се соочува со огромен проблем на 24 часа пред натпреварот со Барселона откако „светците“ останаа без помошта на својот капитен Тијаго Силва. Бразилскиот дефанзивец требаше да биде значаен адут во битката со Меси, Суарез и Нејмар, но повредата на мускулот се покажа премногу сериозна за тој да може да му се спротивстави на каталонскиот гигант.
Емери вечерва го објави списокот од 18 фудбалери на чии услуги ќе смета за утрешниот натпревар, а на него покрај Силва го нема ниту Криховијак, засилувањето од Севилја платено 35 милиони евра кое воопшто не ги оправда очекувањата на францускиот шампион. Тијаго Мота исто така нема да игра со Барселона поради суспензија, а добра вест за „светците“ е што Хавиер Пасторе ги надмина проблемите со повредата и ќе го почне натпреварот од клупата за резерви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА