Ракометарките на ЖРК Вардар славеа и во третото коло од главната фаза во Лигата на шампионите, овој пат на гостувањето против Турингер со 29-31.
Новиот клупски рекорд од осум едноподруго победи во ЛШ, сега е дополнет и со изборот на две ракометарки меѓу најдобрите од оваа рунда натпревари. Андреа Пенезиќ повторно е меѓу најдобрите три ѕвезди на колото. Изборот на ѕвездите на колото може да го погледнете на ТУКА.
Додека, погодокот со шрауба на Ања Алтхаус е најдобриот погодок од ова кола во ЛШ. Изборот на најдобрите голови може да го погледнете на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА