Будуќност дефинитивно го губи статусот на гигант во женскиот ракометен свет откако кризата на црногорскиот првак се продлабочи со вечерашниот пораз од Ференцварош, претрпен на домашен терен со преубедливи 25-33. Долги години избраничките на Драган Аџиќ не знаеја за пораз пред своите гледачи, за веднаш по неуспехот против Вардар во првото коло, вечерва уште еднаш тотално да разочараат.
Како пресудно се покажа првото полувреме, во кое Будуќност само пет минути му парираше на унгарскиот ввицешампион, за потоа Ференцварош да почне да доминира и да ја „билда“ својата предност, која во 30. минута изнесуваше огромни десет гола разлика (9-19). Гостинките уште на самиот почеток од вториот дел стигнаа до најубедливи „плус дванаесет“ (11-23), по што Унгарките рутински ја одржуваа предност се до самиот финиш и конечните 25-33.
Шушански со седум гола беше најефикасна во редовите на Ференцварош, а исто толку погодоци кај Будуќност постигна Катарина Булатовиќ.
Овој резултат му оди во прилог и на тимот на ЖРК Вардар, кој сега е уште поблизу за да го осигура првото место во својата група, воедно и да добие нешто полесен ривал во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА