Металург ја оствари целта, на домашен терен славеше против Чеховски медведи во последниот натпревар од Лигата на шампионите. Од првата до последната минута „металурзи“ беа во предност и ја држеа играта во свои раце што на крај им донесе и заслужен триумф, вкупно петти сезонава во ЛШ.
„Мислам дека заслуживме да бидеме трети во групата и по бодовите и по играта. Ова е наш најдобар пласман во овие две години. Што се однесува до играта, бевме трпеливи, брзо се одвоивме и помалку или повеќе, во текот на целиот меч ние диктиравме темпо. Ова е победа на тимот. Може некој да се истакне, но на крај од сезоната во Лигата на шампионите, честитките одат на целиот тим . И честитки заслужува нашата публика. Македонија навистина живее за ракометот“ – истакна по натпреварот Лино Червар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА