Металург го заврши настапот во Лигата на шампионите со победа на домашен терен против Чеховски медведи со 31-24. Во деветата сеозна во ЛШ, „сините“ од Автокоманда запишаа пет победи и исто толку порази и со 10 бода стигнаа на третото место во групата Д на кое може и да останат ако Елверум не освои бод на гостивањето кај Монпелје во последниот меч од групата. Тоа е чекор напред за „металузри“ во однос на лани кога беа последни во групата со само две победи. Впрочем, такви беа и желбите на играчите и на стручниот штаб во најавите пред натпреврот со Чеховски медведи, да дадат максимум и со победа пред својата публика да го завршат настапот во ЛШ. И успеаја да го реализираат тоа.
Металург тргна офанзивно и поведе со 3-0, мечот го отвори капитенот Филип Кузмановски, а потоа двата гола во серија додаде десниот бек Мартин Велковски. Чеховски медвдеи првиот гол го постигнаа по пет минути игра преку Кирил Котов. Гостите се приближија на гол негатива во 11.минута кога Металург прв пат тргна со седум играчи во напад, но ја загубија топката, а Роман Осташченко поентираше на празен гол.
Но, „металурзи“ брзо се консолидираа и повторно ја имаа контролата на играта и на резултатот. Со серија од 4-0 на средината од првиот дел прв пат дојдоа до пет гола предност (8-3). И во наредните минути Металург успешно се справуваше во нападот и најчесто наоѓаше решение за одбраната 5-1 на противникот. На четири минути пред крај на првиот дел, два пати по ред прецизен беше Александар Гуглета и на Металуг прв пат му донесе највисокапредност од шест гола разлика (14-8). На одморот „металурзи“ змаинаа со предност од 15-10.
Второто полувреме почна со два гола на гостите и намалена преднсот на Металург на 15-12. Сепак, „металурзи“ брзо возвратија со погодоци од бековските позиции и одново се вратија на сигиурна дистанца. На голот на Металург во вториот дел почна Мартин Томовски на местото на Дарко Арсиќ, а на деснаат бековска позиција на местото на Мартин Велковски почна Немања Младеновиќ, а во еден период од мечот на таа позиција играше и Стефан Дрогришки, но по неколку напади, Червар повторно го врати Велковски на терен. На десно крило, Никола Костески во вториот дел беше успешна замена за Гуглета.
За разлика од долгите спори напади на Чеховски медведи, Металург во вториот дел брзо доаѓаше до реализиација и ја одржуваше преднсота од 5-6 гола разлика. Во последните пет минути од мечот, „металурзи“ влегоа и со највисоки +7 кога Обрадовиуќ реализираше за 29-22. Победникот веќе беше решен, па во псоледните неколку миниту играта се сведе ан рутина.
Вања Илиќ и Немања Обрадовиќ постигнаа по седум гола за Металург, Жарко Пешевски заврши со четири, а по три гола постигнаа Кузмановски, Костески и Гуглета. Кај Чехивски медведи прв стрелец беше Кирил Котов со пет гола, а забележителен настап имаше и голманот Олег Грамс со 15 одбрани и со еден погодок од гол на гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА