Велшкиот интернационалец Герет Бејл порано од предвиденото се врати на тренинзите на Реал Мадрид. Тој отсуствуваше три месеци поради операција на тетивата на скочниот зглоб, а се предвидуваше дека на терените ќе се врати на почетокотт на април. Сепак, Бејл успеа експресно да го мине рехабилитацискиот процес и веќе е подготвен за стопроцентни напори.
Сепак, тренерот Зинедин Зидан нема да брза со негово враќање во тимот. Планот е тој да биде подготвен за настап на реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Наполи, што ќе се одигра на 7.март во Неапол. „Кралевите“ в среда го пречекуваат Наполи на „Сантијаго Бернабеу“ во првиот меч од нокаут фазата во ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА