Младите вардарки елиминирани од Челенџ купот

Тимот на Вардар СЦЈС е елиминиран од настапите во Челенџ купот, откако загуби од шведскиот претставник Хоор 65 и на домашен терен со 20-26. Избраничките на Симе Симовски немаа сили за сензација, со оглед дека и на првиот меч загубија со 13 голови разлика. Евидентна беше разликата во квалитет и на вториот меч во Скопје.

IMG_5706

Младите вардарки се држеа 15 минути, но потоа шведскиот состав се одлепи и на полувреме замина со четири гола предност (10-14).

IMG_5727

„Црвено-црните“ девојки добро го почнаа второто полувреме, израмнија на 14-14, но потоа шведскиот состав повторно заигра поцврста одбрана и на крајот дојде до триумф од 20-26.

Се вчитува...