Работнички е активен во последниот ден од зимскиот преоден рок. Македонскиот репрезентативец Ванче Шиков потпиша шестмесечен договор со „романтичарите“ и ќе биде големо засилување за одбраната, а раководството на клубот одлучи да го ангажира и црногорскиот интернационалец Иван Вуковиќ (30), кој треба да биде засилување за навалната линија од тимот. Тој во текот на денешниот ден треба да пристигне во Скопје и да стави потпис за соработка со клубот од Дебар Маало.
Иван Вуковиќ е искусен напаѓач, кој во својата кариера го носел дресот на Зета, Будуќност, Хајдук Сплит, ОФК Београд, Младост Подгорица, а бил на печалба и во Јужна Кореја, во тимот на Сеонгнам. Негов последна станица е израелскиот клуб Макаби Нетанја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА