РЕМИстер во Турција: Битолчани ремизираа и со Алтај

Можно е или не, ама Пелистер и понатаму продолжува со нерешени резултати на пријателските натпревари во Аланија. И денеска, како и најчесто на изминатите тест – мечеви, Пелистер ремизираше со резултат 1-1 против казахстанскиот второлигаш Алтај.

Двата гола беа постигнати на самиот старт од натпреварот. Казахстанците поведоа по само шест минути игра, а израмни Димитар Илиев три минути подоцна. Очигледно дека тренерот Шенсои и неговите фудбалери во Аланија не можат да ја пронајдат победничката формула. Во турскиот туристички центар одиграа шест натпревари и шестпати ремизираа.

Се вчитува...