Македонскиот првак Вардар денеска го одигра последниот пријателски натпревар на зимските подготовки во Анталија и загуби со 3-1 од рускиот клуб Терек Грозни. Вардарци водеа со 1-0 по првиот дел, но потоа примија три гола во второто полувреме. Со обложувачки речник „кец во два“…
„Црвено-црните“ поведоа со голот на Барсегјан во 14 минута. Терек израмни од пенал преку Торже во 58 минута. Во завршницата, Митришев со два погодоци го порази Вардар. Првиот гол го постигна во 72.минута, а стрелаше прецизно и во 87. минута, за конечни 1-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА