Борусија Дортмунд се пласира во четвртфиналето на Купот на Германија, откако на домашен терен ја елиминираше Херта дури по изведување пенали (3-2). Во регуларниот дел, а и по 120 минути игра, мечот заврши 1-1. Саломон Калу го доведе гостинскиот тим на Херта во водство во 27.минута, а израмни Марко Ројс на почетокот на второто полувреме.
Мрежите потоа мируваа се до изведувањето на пеналите. А при пенал – рулетот, Херта не успеа да искористи дури три удари од белата точка. Лустенбергер и Калу не ги погодија рамките на голот, а Бурки го одбрани ударот на Дарида.
Ајнтрахт Франкфурт го совлада Хановер на гости со 1-2, исто така и Шалке беше сигурен на гостувањето против Сандхаузен, а Лоте го изненади Минхен 1860. Овие три екипи исто така се четвртфиналисти на германскиот Куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА