Актуелниот македонски првак Вардар го совлада бугарскиот прволигаш Локомотив Пловдив со 2-1 на денешниот пријателски натпревар што се одигра во Анталија.
Влатко Грозданоски во 17.минута го отвори резултатот на овој меч, Евгениј Новак во 78.минута зголеми на 2-0, а Мартин Камбуров го постигна единствениот погодок за бугарскиот тим во самиот финиш на средбата.
Тренерот Гоце Седлоски овој меч го започна со следниот состав: Пачовски, Брдаровски, Попов, Новак, Глишиќ, Љамчевски, Велковски, Николов, Грозданоски, Џигаури, Блажевски.
Последен ривал на Вардар на зимските подготовки во Анталија ќе биде рускиот клуб Терек Грозни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА