Римската „волчица“ ја „згази“ Фиорентина… (видео)

Рома со убедливи 4-0 славеше против Фиорентина во 23. коло од Серија А.

Во извонредна партија „волчицата“ лесно дојде до посакуваните три бода, најавувајќи ја победата во 39. минута со погодокот на Един Џеко.

Во вториот дел римјаните постигнаа уште три погодоци, најпрво стрелаа Фацио во 58. минута и Наинголан во 75. минута, а конечните 4-0 ги заокружи Џеко со својот втор гол во 83. минута.

All Goals & Highlights HD – AS Roma 4-0 Fiorentina by riqezi

По овие три бода Рома, сега со 50 бода се проби на втората позиција на табелата, со четири бода минус во однос на водечкиот Јувентус, а два повеќе од третопласираниот Наполи.

Се вчитува...