Кошаркарите на Кожув го запишаа и третиот пораз во четвртото коло од втората фаза во БИБЛ лигата. На гостувањето против Сутјеска во Никшиќ, гевгеличани загубија со 84-76 (26-21,14-16,22-21,22-18).
Во главно сосема израмнет натпревар, македонските кошаркари потклекнаа во последната четвртина кога домашните успеаја да направат разлика за победа.
Иако Сутјеска од самиот почеток постојано одржуваше минимално водство, на почетокот од второто полувреме кошаркарите на Кожув стигнаа до израмнување со можност за целосен пресврт. Но, потфрли одбраната во последниот период, во нападот немаше ефикасност па Црногорците зголемија и на двоцифрена разлика која на крајот се сведе на 84-76.
Најефикасен кај Кожув беше Американецот МекНил со 27 поени, додека Мијовиќ запиша 23 поени дополнети и со 11 скока. Во победничкиот состав предводеше Џејмс со 24 поени, а Ѓоковиќ запиша 17 поени.
Сутјеска сега има две победи и исто толку порази, издвојувајќи се на втората позиција на табелата во Групата Ц, додека Кожув е трет со една победа и три порази. На врвот е Берое со три победи, е четврти е Фени Индустри со една победа од три меча.
Фени Индустри во моментов го игра својот натпревар против Берое. На полувреме 41-39 за македонскиот состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА