Покрај прекинатата серија победи со последниот пораз од Јувентус, во таборот на Интер владее огромна загриженост поради отсуството на клучните играчи за следните натпревари на „нероаѕурите“. Икарди и Перишиќ заработија суспензии од по два натпревари и сигурно нема да играат против Емполи и Болоња, а дополнителна главоболка на тренерот Пиоли му создава повредата на Марсело Брозовиќ.
Хрватскиот плејмејкер настрада за време на дербито со Јувентус, а деталните лекарски прегледи покажаа дека станува збор за скршеница на прст на ногата.
Очекуваниот термин за враќање на терените не се обелоденува во јавноста, но сигурно е дека Брозовиќ покрај средбите со Болоња и Емполи ќе го пропушти и дербито со Рома, закажано за 26 февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА