Канадскиот тенисер, Денис Шаповалов, казнет е со 7.000 долари поради инцидентот на мечот од Дејвис купот межу Канада и В.Британија, кога со топчето го погоди во глава главниот судија, Арно Габас.
Тениската репрезентација на В.Британија се пласира во четвртфиналето на Дејвис купот бидејќи 17-годишниот Шаповалов беше дисквалификуван во решавачкиот меч.
Тој во петтиот меч играше против Кајл Едмунд и губеше со 3-6, 4-6, 2-1, изнервиран по аутот, Шаповалов силно го удри топчето и го погоди главниот судија во лицето.
„Тоа е неприфатливо однесување. Многу ми е срам. Се чувствувам ужасно што го изневерив својот тим и својата земја. Ова е последен пат да направам вакво нешто“ – рече канадскиот тенисер.
Судијата Габас по инцидентот беше прегледан во болницата во Отава, утврдено е дека нема посериозна повреда на окото, но по враќањето во Франција ќе оди на дополнителни прегледи.
Репрезентацијата на В.Британија во четвртфиналето од Дејвис купот ќе игра против Франција, а Канада во септември ќе игра за останок во Светската група.
[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/3be27402d7533af8a9ae3c35dd76f189.mp4″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА