Во последниот период се засилија шпекулациите дека голгетерот на Манчестер сити, Серхио Агуеро ќе го напушти „Етихад“ во летниот преоден рок. Тој во последните неколку натпревари се наоѓа на клупата за резерви, а повеќе шанса добива новото засилување Габриел Хесус, кој ги постигна двата гола за Сити при победата од 2-1 над Свонси.
„Моја цел е да му помогнам на тимот да се избори за едно од првите три места на табелата. На крајот на сезоната ќе одлучам каква ќе биде мојата иднина, но засега сум фокусиран на Манчестер сити. Имам договор уште три години и среќен сум тука. Моја желба е да останам во тимот, а челниците ќе решат дали ќе ме задржат или не“ – истакна Агуеро.
Челси најавува офанзива за ангажман на овој проверен голгетер, за чии услуги сериозен интерес искажуваат и Реал Мадрид и Интер. 28-годишниот напаѓач е член на „граѓаните“ од 2011 година и досега настапи на вкупно 234 натпревари, постигнувајќи 154 погодоци во сите конкуренции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА