Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Лукас Хернандез, се соочува со можна затворска казна од седум месеци поради семејно насилство, откако пред неколку дена физички ја нападна својата девојка. Обвинителите за ова негово дело побараа од судот да одреди затворска казна од седум месеци, но и четири месеци за девојката, која исто така физички го нападнала фудбалерот на Атлетико Мадрид.
Семејната драма до конечна судска одлука е ‘разрешена’ со меѓусебна забрана за приближување на растојание од 500 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА