Вардар конечно стигна до победа на подготовките во Анталија, славејќи на пријателскиот натпревар против рускиот прволигаш Анжи со 2-1 (0-0).
„Вардарци“ до триумфот стигнаа со пресврт благодарение на одличните погодоци на Дамир Којашевиќ.
Анжи дојде до предност со голот на Станислас Георгиевски во 47. минута, но потоа следеше израмнувањето со феноменалниот гол на Којашевиќ во 71. минута од слободен удар.
До триумфот македонскиот шампион стигна во 87. минута, со вториот гол на Којашевиќ.
Шефот на стручниот штаб на „црвено-црните“, Гоце Седлоски, натпреварот против Анжи го почна во следниот состав: Гачевски, Попов, Грнчаров, Хамбарџумјан, Велковски, Демири, Глигоров, Фелипе, Блажевски, Којашевиќ, Барсегјан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА