Кошаркарите на ФМП успеаја да се вратат од 15 поени негатива, но Кендрик Пери со поени од поле се избори за дополнителни пет минути кои му овозможија на клубот од Карпош да се консолидира и стигне до нова победа во АБА лигата.
Тренерот на гостинскиот состав, Бранко Максимовиќ свесен е дека неговите играчи се вивновни за тесниот пораз.
„Откако Драган Николиќ го рпезеде Карпош соколи можам да кажам дека оваа сала е неосвоива. Видовте и сами, ова беше натпревар со многу падови на двете екипи, со врвни потези и вистинска машка борба. Една топка одлучи, можам да кажам дека сами се победивме на крајот. Се надевам дека ќе обезбедиме опстанок па и наредната сезона ќе се гледаме во АБА лигата. Жал ми е за повредата на Вркиќ тој е еден одличен играч, не знам која тежина е повредата, но се надевам дека ќе се опорави брзо“ – истакна Максимовиќ.
Дејан Давидовац одигра под своите можност, запишувајќи само осум поени, но верува дека во иднина тоа ќе се промени.
„Лошо влеговме, со нешто помалку енергија и му дозволивме на Карпош да се одлепи рано. во првиот дел промашивме 9 пенали и заостанувавме 8 поени. некако успеавме да се вратиме дури и до егал, во продолжениот тие подобро се снајдоа, знаевме дека играат одлилно ба домашен терен дека се тешка еипа која не може лесно да се победи. Сега ни следат натпревари кои ние мораме да ги добиеме“ – истакна Давидовац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА