Карпош соколи е чекор поблиску да обезбеди опстанок во регионалната АБА лига. Избраниците на Драган Николиќ ’за влакно’ ќе загубеа добиен антпревар, но во вистинско време „соколите“ се консолидираа и славеа со конечни 88-81. Опстанокот сè уште не е со проценти обезбеден или како што би кажал тренерот, „невозможната мисија продолжува“.
„ФМП апсолутно ја имаше победата во свои раце, но во продолжението ние почувствувавме дека можеме да победиме. Од натпревар во натпревар играме подобро. Имаме уште натпревари во АБА лигата, гледате дека секој антпревар води кон место погоре или подолу на табелата. Сега ни следи турнеја во Црна гора, На нас е да работиме добро како и досега. Утре е ден за одмор, а потоа се враќаме на тренинзи. Единствено што можам со сигурност да кажам е дека невозможната мисија продолжува. Продолжуваме од ден во ден“ – истакна Николиќ, а потоа се осврна и на повредата на Зоран Вркиќ:
„Ја препознавам публиакта која доаѓа на сите натпревари и ја препознавам и љубовта нивна кон ова што ние го работиме. Добро знаете што работевме ние во последниов период. На публиакта и симнувам капа, но оваа победа би сакал да му ја посветам на Зоран Вркиќ. Во понеделник ќе знаеме колку сериозна е повредата. Известен сум дека се работи за лигаментите, но не знаеме точно што и колку ќе отсуствува. Не знам дали ќе биде подготвен ниту да настапи на Купот на Македонија“ – дополни Николиќ.
Душан Кнежевиќ беше краток и јасен по крајот на натпреварот.„Една голема победа за нас. Имаме своја цел пред себе и со оваа победа направивме голем исчекор кон таа цел“ – заврши Кнежевиќ.
“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА