Можеби потешко од очекувањата, но сепак најважно е што Вардар стигна до нова победа во главната фаза од Лигата на шампионите. Мец се покажа како незгоден ривал, но „црвено-црните“ покажаа карактер, го издржаа притисокот кога беше најпотребно и стигнаа до триумф, седми во низа во елитното европско натпреварување.
„Честитки до мојата екипа за победата, ова беше тежок натпревар. Не игравме како што знаевме, беше неизвесно до самиот крај. За нас беше изненадување нивната одбрана 3-2-1 што ни создаде многу проблеми, сигурно ќе го тренираме и тоа бидејќи во иднина и други екипи ќе се обидат да не запрат со оваа одбранбена зона“ – изјави Дејвис на прес-конференцијата по натпреварот.
Сања Дамњановиќ беше најефикасна во таборот на „вардарки“, со пет постигнати погодоци.
„Пред се честитки до Мец за фер и спортската игра. Секако дека сум пресреќна бидејќи дојдовме до двата бода, знаевме дека ќе биде тешко бидејќи премногу се потрошивме физички и психолошки при победата над Будуќност. Зоната на противникот во одбраната беше мало изненадување за нас, ние сигурно многу подобро ќе се подготвиме за следните предизвици“ – истакна српската интернационалка во дресот на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА