Младиот вардаров голман Мирза Дураковиќ ја засилува Брегалница

Брегалница за пролетниот дел од шампионатот се засилува и со македонскиот младински репрезентативен голман, Мирза Дураковиќ.

20-годишниот млад вардаров голман веќе се приклучи на тренинзите на штипјани, па се очекува наредниве денови и официјално да стави потпис на договор со сините.

Дураковиќ кој беше член и на младинските репрезентации за играчи до 17 и до 19 години, претходно важеше за еден од најталентираните македонски голмани. Сега ќе треба да се докажува во редовите на Брегалница, каде прв голман е уште еден поранешен вардаров чувар на мрежата, Матија Кобетиќ.

Се вчитува...