Иконата на италијанскиот фудбал, Џанлуиџи Буфон нема намера да ја заврши професионалната кариера.
Иако минатиот месец наполни 39 години, се уште е неприкосновен на голот на „Старата дама“ и нема намера тоа место да го препушти никому. Сосема исто е и кога станува збор за голот на италијанската репрезентација. Неговиот менаџер, Силвано Мартина открива дека уште долго ќе го гледаме на фудбалските терени…
„Сака да брани на Светското првенство 2018 година. Но, познавајќи го неговиот дуг, форма и љубов кон фудбалот сигурно ќе ја продолжи кариерата и после тоа“ – вели Мартина.
Како негова замена на голот на Јувентус се спомнува талентираниот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума, но Мартин смета дека овој 18-годишен голман тешко дека ќе го облечи „црно-белиот“ дрес.
„Не е лесно да се земе играч од тимо како што е Милан. Сите зборуваат за негово заминување, но Донарума сака да остане во клубот кој многу го сака. Се може да се случи, но мислам дека ќе остане во Милан“ – вели Мартина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА