Важна победа за Хамбургер, Леверкузен доби казна од свој играч…

Хамбурргер извојува значајна победа во битката за опстанок, славејќи со 1-0 против Баер Леверкузен во првиот натпревар од 19. коло во Бундеслигата.

Слаба фудбалска претстава имаше вечерва во Хамбург, но на крајот домашниот тим заслужено стигна до трите бода благодарение на погодокот на ново засилување во клубот, Кирјакос Пападопулос кој во Хамбургер е на позајмица токму од Баер Леверкузен.

Пападопулос стрелаше во 76. минута, па со овие три бода Хамбургер стигна сега до 16. место со 16 бода, израмнувајќи се со Вердер.

Kyriakos Papadopoulos Goal HD – Hamburger SV 1… by worldfoot

Се вчитува...