Иако од 2006 година нема освоено титула во Формула 1, Шпанецот Фарнандо Алонсо е еден од најплатените возачи во Ф1 и воопшто еден од најбогатите спортисти во светот. Според истражувањето на „Ел мундо“, Фернандо Алонсо и Рафаел Надал се единствените спортисти меѓу 200 најбогати луѓе во Шпанија.
Искусниот, 35-годишен возач на Мекларен, немаше секогаш победнички болиди, но затоа пак во секој тим за кој што возеше беше платен повеќе од другите. Во својата кариера, Алонсо возеше за Минарду, Рено, Герари и сега за Мекларен. Во 16-годишната кариера во Формула 1, Шпанецот има заработено 200 милиони евра, во голем дел благодарение на богатите спонзори Иберија, Сантандер и градот Баку.
Со годишна плата од 35 милиони евра, Алонсо е најдоброплатен возач во Ф1. Блиску до него според заработувачката се само Луис Хамилтон и Себастијан Фетел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА