Баерн Минхен подготвува 100 милиони евра за Деле Али

Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Деле Али, оваа сезона блесна во полн сјај во Премиер – лигата и го сврте кон себе вниманието на големите европски клубови. Реал Мадрид, според најавите од Шпанија, е подготвен за него да плати 60 милиони евра и да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“ во летниот преоден рок, но во трката многу сериозно влегува Баерн Минхен.

Раководството на баварскиот клуб со неколку потези покажа дека сака на „Алијац арена“ да создаде нова млада генерација, го купи Ренато Санчез, и го откупи договорот на Даниел Коман, а интенцијата е да го ангажира и Деле Али. И за него се подготвени да платат фантастични 100 милиони евра.

Од друга страна, Тотенхем му нуди значајно зголемување на платата на Деле Али, новата понуда изнесува околу 150.000 фунти неделно. Досега, според интерниот клупски правилник, максималната неделна плата за еден фудбалер изнесува 100.000 фунти.

  

Се вчитува...